Дански фудбалер ги обвинува аматерите од Сан Марино: Сакаа да ме повредат

Данска вчера ја совлада селекцијата на Сан Марино, потешко од очекувањата и минимално со 1-2. Данците со тоа се многу блиску до пласман на Европското првенство, а со нив од групата во Германија многу веројатно ќе патуваат и Словенците.

До очекуваните три бода кај Сан Марино, Данците дојдоа со многу тешкотии. Поведоа дури во 42. минута преку Хјолунд, а потоа во 61. минута аматерите дојдоа до израмнување. Меѓутоа Јусуф Полсен во 70. минута ја донесе победата на Данска.

Репрезентативците на Сан Марино беа груби кон напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, кој оваа година замина во Манчестер Јунајтед за сума од 75 милиони евра.

„Имам чувство дека им бев цел, како што гледате на крај. Разбирам италијански, и ги слушнав како правеа план да ме скршат, да ме повредат. Може да видите дека имаа само една цел“, изјави Хојлунд.

Се вчитува...