Дарко Чурлинов дебитираше со победа за Погон Шчечин

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, со триумф ја започна својата епизода во дресот на Погон Шчечин. Чурлинов веднаш дебитираше како стартер во својот нов тим на гостувањето во Краков, кај Краковија, и одигра 60 минути.

На крајот неговиот тим успеа да слави победа со 0-2, со голови на стартот и на крајот од второто полувреме.

Чурлинов се врати во Полска, откако играше една сезона во Кочаелиспор. Тој во Полска беше дел од Јагелонија.

Се вчитува...