Дарко Чурлинов една година на позајмица во Шалке 04!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов престојнава сезона во Германија ќе ја мина не позајмица во редовите на Шалке 04.

По меѓусебен договор со својот клуб Штутгарт, Чурлинов прифати следнава сезона да ја мине како позајмен фудбалер во редовите на Шалке 04 каде веќе и ги мина лекарските прегледи.

Како што пренесоа германските медиуми, согласно договорот тимот од Гелзенкирхен нема опција да го откупи договорот на Чурлинов по завршувањето на истиот.

Шалке 04 ќе игра во втората Бундеслига, а Чурлинов треба да биде повеќе од сериозно засилување за тимот добиваји и далеку поголема минутажа од онаа која ја имаше во Штутгарт.

Се вчитува...