Дарко Чурлинов продолжува во полски Погон Шчечин

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е пред промоција во дресот на полскиот суперлигаш Погон Шчечин.

Како што пренесуваат полските медиуми, Чурлинов и дефинитивно се враќа во Полска, откако во сезоната 2024/25 беше дел од екипата на Јагелонија Бјалисток, но овој пат во дресот на Погон.

Според пишувањата на Полјаците, двете страни веќе се договорени а деновиве се очекува само официјализација на соработката и промоција пред јавноста.

Постигнат е договор за двегодишна соработка со можност за продолжување на истата.

Изминатава сезона Чурлинов настапуваше за турскиот Кочаелспор, а претходно во кариерата играше и за Шалке 04, и Барнли.

Се вчитува...