Дарко Чурлинов – Со 16 години најмлад репрезентативец во историјата на Македонија (ВИДЕО)

Фудбалерот на германски Келн, Дарко Чурлинов се запишува во аналите на фудбалската игра во Македонија.

Чурлинов, роден на 11. јули 2000 година, од денеска е најмладиот фудбалер кој настапил во дресот на македонската сениорска репрезентација со само 16 години, осум месеци и 17 дена. Чурлинов влезе во игра во 83. минута од пријателскиот натпревар со Белорусија на местото на Езгијан Алиоски, запишувајќи се во историјата.

IMG_6219

И, интересно по само 10 секунди откако влезе во игра Чурлинов се најде во одлична можност и да постигне гол, но шутираше за малку покрај десниот дирек од противничкиот гол.

Претходно, најмлад македонски репрезентативец беше Таулант Сулејманов со 17 години, 6 месеци и 12 дена настапувајќи на пријателскиот натпревар со Камерун во Австрија. Трет фудбалер на листата на најмлади во македонската фудбалска историја е Горан Пандев кој својот прв сениорски репрезентативен настап го запиша со 17 години, 10 месеци и 11 дена.

Се вчитува...