Дарко Илиески е ново засилување на Силекс

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс го засили дефанзивниот ред со Дарко Илиески, кој во Кратово стигна од ГФК Охрид.

30-годишниот Дарко Илиески настапува на позицијата централен дефанзивец. Во својата кариера има настапувано за повеќе клубови од домашното првенство, а зад себе има и интернационално искуство во Ерменија, Словенија, Таџикистан и Албанија.

„Станува збор за искусен и сигурен стопер кој со своите лидерски квалитети, цврста игра во одбраната и богато прволигашко искуство ќе претставува големо засилување за тимот во пресрет на новата сезона и настапите на домашната и европската сцена“, стои во соопштението на Силекс. 

Се вчитува...