Дарко Крстески тргна со Пелистер: Има проблеми, но мора да ги надминеме

Македонскиот второлигаш Пелистер од денеска е под команда на Дарко Крстески. Поранешниот тренер на Победа се нафати да ги вади врелите костени во Битола и ќе се обиде да го исправи бродот на „пелистерци“. Во првите неколку кола под раководство на Томче Трајановски, битолскиот состав имаше неочекувано лоши резултати.

„Свесен сум за проблемите кои ги има Пелистер во овој момент, а почнуваме не од нула, туку и подолу од тоа. Но, нема многу зборување, туку веднаш почнуваме со сериозна работа. Имаме денес и утре тренинзи, а веќе в среда играме куп-натпревар против екипата на Беласица, каде влегуваме на гостувањето со негатива. Тренинзите и куп натпреварот ќе ги искористам за да ги запознаам фудбалерите подобро и да испробаме некои тактички варијанти, а потоа ќе се посветиме на натпреварите од Втората фудбалска лига – запад“, изјави Дарко Крстески.

Во работата ќе му помага Димче Ристевски, кој ја завршува фудбалската кариера и отсега ќе биде дел од стручниот штаб.

Се вчитува...