Дарко Мицевски и Филип Најдовски бегаат од Вардар во Борац Бања Лука?

Двајца фудбалери на Вардар, Дарко Мицевски и Филип Најдовски, си прават меѓусебна конкуренција за трансфер во босанскиот прволигаш Борац Бања Лука, откриваат медиумите во оваа земја. Клубот кој ќе настапува во европските купови следната сезона се обидува да доведе квалитетен фудбалер од средниот ред, а на раководството на Борац Бања Лука му се понудени Дарко Мицевски и Филип Најдовски.

Причината е јасна, во Вардар е расуло, фудбалерите немаат земено плата со месеци, а клубот нема да добие лиценца за настап во европските купови иако до прекинот на сезоната беше лидер во македонското првенство. Се уште е неизвесно и дали Вардар ќе биде прогласен за шампион за изминатата сезона, а уште понеизвесна е иднината на најтрофејниот македонски клуб.

Се вчитува...