Дарко Панчев ја бодри Македонија, ќе дојде ли и на стадион за Вардар?

Меѓу малиот број на гледачи на денешниот дуел меѓу Македонија и Холандија во очи веднаш паѓа и големото фудбалско име – Дарко Панчев е на трибините од СЦ „Борис Трајковски“ за да им даде поддршка на нашите кошаркари на вториот меч од „Трофеј Македонија“.

Фудбалската легенда и претходно присуствуваше на неколку кошаркарски средби минатата сезона, но неочекувано е отсутен од натпреварите на ФК Вардар, и тоа откако стана директор на актуелниот првак на Македонија. Панчев не беше на трибините и на стадионот „Младост“ во Струмица при фантастичниот триумф над Малме, па останува да се види дали ќе се најде на „Телеком Арена“ за претстојниот дуел со Копенхаген…

IMG_2681

 IMG_2728

Се вчитува...