Дарко Соколов потпиша нов договор со Еуро Никел

Долгогодишниот македонски репрезентативец Дарко Соколов и во следната сезона ќе го носи дресот на Еуро Никел, откако синоќа потпиша нов договор со кавадаречкиот прволигаш. Соколов ја мина ланската сезона во Еуро Никел откако пристигна во овој клуб од МЗТ Скопје, ги задоволи вкусовите на стручниот штаб и на управата, по што беше договорено соработката да продолжи уште најмалку една година.

Останувам во Еуро Никел. Синоќа се договоривме, задоволен сум од развојот на настаните и очекувам уште подобри резултати со овој тим“, истакна Соколов.

Кавадаречкиот клуб состави квалитетен ростер за наредната сезона, ги задржа клучните играчи од лани, а начелно е договорено и доаѓањето на поранешниот центарски тандем на Блокотехна, Мијатовиќ – Казарновски.

Се вчитува...