Дарко Велковски стартуваше со Ријека – го „собра“ бројот 6 на Стефан Ристовски (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски ги стартуваше подготовките во својот нов тим, хрватската Ријека.

Тимот од Јадранот ги почна подготовките за настапите во квалификациите од Лигата на Европа, а со него и Велковски кој ова лето договори трансфер во Ријека од редовите на Вардар.

Дарко Велковски, притоа, го доби и бројот 6 за настапи во новиот дрес, бројот кој до минатата година во Ријека го носеше неговиот репрезентативен колега Стефан Ристовски, сега член на португалскиот Спортинх Лисабон.

Се вчитува...