Дастин Вер останува во МЗТ Скопје

Дастин Вер ќе продолжи да го носи дресот на МЗТ Скопје до крајот на оваа сезона, и покрај најавите дека американскиот плејмејкер би можел да го напушти актуелниот првак на Македонија.

Примопредавањето на „власта“ во клубот се одолговлечи, ЕКИПА дознава дека не бил наплатен ниту целокупниот ваучер за минатата година, што придонело да дојде и до доцнење на платите на почетокот од 2022 година.

Кај Вер се појавило незадоволство поради кое Американецот сериозно размислувал за заминување од таборот на „металците“ и преселба во Полска. Сепак, последните информации велат дека недоразбирањата се надминати, долгот кон американскиот кошаркар наскоро ќе биде целосно покриен, по што тој се согласил да остане во МЗТ најмалку до крајот на сезонава.

Аеродромци не само што ќе го задржат Вер во своите редови, туку се најавува и ангажман на уште едно врвно засилување за вториот дел од сезоната. Како што веќе информиравме, голема желба на МЗТ Скопје е ангажман на Војдан Стојановски, па останува да се види дали македонскиот репрезентативец по долги години во странство ќе се врати назад во мак-баскетот.

Се вчитува...