Датоме хоспитализиран по добиен жесток удар во главата

Фенербахче загуби со 76-86 во петтиот натпревар од финалната серија против Анадолу Ефес во турскиот шампионат, но дефинитивно тоа што вистински го загрижува Жељко Обрадовиќ е повредата на Луиџи Датоме.

Датоме во третиот период доби силен удар во главата по што накратко паднал и во бессознание. Лекарскиот тим потоа не му дозволи враќање на паркетот, па итно е пренесен во болница. Од клубот се уште не информираат колку е сериозна повредата.

Датоме му се приклучи на Фенер во финалето по паузата поради повредата на ногата од април. Жељко Обрадовиќ по мечот истакна дека е вистинско чудо што Датоме се вратил за финалната серија.

„Навистина е чудо што воопшто го имаме Датоме во финалето. Не играше долг период и имаше само два тренинзи со нас“ – истакна Обрадовиќ.

Се вчитува...