Давид Алаба е играч на мечот (ФОТО)

Во изборот на УЕФА, еден од најдобрите европски фудбалери Давид Алаба е играч на натпреварот меѓу Австрија и Македонија на отворањето на Групата Ц на Европското првенство.

Австријците победија со 3-1, благодарение и на одличната игра на Алаба во дефанзивата, но и офанзивата асистирајќи при вториот погодок за неговата селекција.

Истрча повеќе од 10 километри со 104 додавања на натпреварот, доволно за играч на натпреварот.

Се вчитува...