Давид Бабунски потпиша со унгарски Дебрецин

Повремениот македонски фудбалски репрезентативец Давид Бабунски официјално беше промовиран во седумкратниот унгарски шампион, Дебрецин.

Бабунски со унгарскиот клуб потпиша две годишен договор, а главна цел ќе биде пласман во горниот дел на табелата, откако тимот успеа да се врати во елитата во Унгарија. Бабунски од 2006 до 2016 година беше дел од младинската школа на Барселона, а потоа настапуваше и за рвена Звезда, Јокохама, Омија, Ботошани и Виторул Константа.

За Македонија одигра девет меча, но без постигнат погодок.

Се вчитува...