Давид Бабунски потпиша за Мезоковешд

Македонскиот интернационалец Давид Бабунски, остана во Унгарија. Откако „раскина“ со Дебрецен, тој од денеска е нов член на Мезоковешд.

Играчот од средниот ред после долго време годинава се врати во националниот тим на Македонија, но не беше повикан за дуелите со Грузија и со Бугарија поради тоа што немаше ангажман.

Во минатото Бабунски играше во младинските категории на Барселона, во Б тимот на Барса, потоа во Црвена Звезда, па во Јапонија во Јокохама Маринос и во Омија Ардија. Во 2020 година се врати во Европа и потпиша за Ботошани, а во 2021 година замина во Виторул. Шест месеци подоцна се пресели во Дебрецен.

Во Дебрецен игра неговиот брат Доријан.

Се вчитува...