Давид Силва откри зошто го „откачи“ Лацио

Давид Силва преку ноќ стана омразена личност кај навивачите на Лацио. Римскиот клуб најави како легендарниот шпански фудбалер доаѓа во клубот и се е подготвено. Меѓутоа и тие останаа во шок откако видоа дека Силва потпиша со Реал Сосиедад. Искусниот среднист откри зошто се одлучи да ја продолжи кариерата во клубот од Сан Себастијан.

„Имав бројни понуди, но го избрав Реал Сосиедад бидејќи се вклопува во моите карактеристики. Семејството исто така имаше удел во мојот избор. Нивната одлука беше клучна“, изјави Силва. 

Силва е одлично засилување за Реал Сосиедад и нема дилема дека ќе биде од голема помош за клубот во борбата за излез во Европа.

Се вчитува...