Црвена Звезда успеа да задржи еден од домашните кошаркари и за наредната сезона откако денеска и официјално потпиша нов договор со Дејан Давидовац.
Скромниот крилен кошаркар не добива преголема минутажа, но секогаш максимално ја користи шансата што ќе му се укаже. „Црвено-белите“ за првпат го доведоа Давидовац во своите редови во 2015, тој дебитираше за клубот во 2017, а единствената сезона што ја мина надвор е во руска ЦСКА Москва, каде тренер му беше Емил Рајковиќ.
„Нашиот првотимец Дејан Давидовац го продолжи договорот со Црвена Звезда на уште две сезони. Тој има четири титули во АБА-лигата, а во 2024 беше избран и за МВП на финалето. Пет пати го освои пехарот за шампион на Србија, а има и четири титули во Купот на Радивоје Корач“, се вели во соопштениетоо на белградските црвено-бели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
