Давитков го скрати списокот – Штерјов на местото на Хендрикс

Селекторот Јорданчо Давитков го објави списокот на кошаркари кои ќе треба да се појават на првиот собир на 11 јуни, во пресрет на претквалификацискиот дуел со селекцијата на Швајцарија. Пласманот во следната квалификациска рунда е речиси сигурен, што беше причина да му се даде зелено светло на Ричард Хендрикс да не биде дел од репрезентацијата, туку да може предвреме да „полета“ кон својот дом во САД.

Центарската позиција ќе биде дополнително ослабена со неиграњето на повредениот Младеновски, па во една таква ситуација повикан е Александар Штерјов, кој имаше добри настапи во дресот на Куманово. Во тимот го нема ниту младиот Ненад Димитријевиќ од Хувентуд, кој најверојатно летово ќе го мине со обврски во младинската репрезентација на Македонија.

Првиот тренинг на репрезентацијата ќе биде одржан на 11. јуни со почеток во 10:00 часот во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.

 

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР СЕНИОРИ

Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Александар Костоски
Дарко Соколов
Димитар Караџовски
Бобан Стајиќ
Андреј Магдевски
Адем Мекиќ
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Бојан Крстевски
Кирил Николовски
Андреј Маслинко
Александар Штерјов

Се вчитува...