Давитков: Хендрикс доаѓа да помогне, повредите го сменија планот

Ричард Хендрикс е кошаркарот што ќе ја засили македонската репрезентација во претквалификациите за ЕП 2021, одлучи попладнево селекторот Јорданчо Давитков. Кормиларот на македонскиот национален тим утрово изјави дека Македонија по подолго време ќе настапи без странци во еден квалификациски циклус, но ситуацијата се промени откако му беше соопштено дека ниту Ѓорѓи Чековски ниту Бојан Трајковски нема да му бидат на располагање.

Едно е желбата да се игра без странец, но кога увидовме дека ќе ги немаме Чековски и Трајковски бевме принудени да го промениме планот. Хендрикс изрази подготвеност да дојде и да помогне за овие два натпревари и утре ќе стигне во Скопје и ќе ни се приклучи на подготовките“ – изјави македонскиот селектор за ЕКИПА.

Хендрикс последен пат настапуваше за Македонија на Евробаскет 2015, по што повеќе не беше повикуван од страна на екс-селекторот Раца, како и од Јорданчо Давитков. Сепак, во ситуација кога помош во борбата под обрачите е неопходна, јасно е дека присуството на кошаркарот на Галатасарај во нашиот тим ќе биде од огромно значење.

Се вчитува...