Давитков: Ќе бидеме без странци, со кошаркари кои уште долго ќе играат за Македонија

Македонија доживеа фијаско во претходните претквалификации со Естонија и со Косово, па селекторот Јорданчо Давитков со право е претпазлив во коментарите во пресрет на почетокот од новиот претквалификациски циклус, овојпат за ЕП 2021. За ривали ги имаме Словачка и Швајцарија, селекции за кои до неодамна важевме за огромни фаворити, но ситуацијата во меѓувреме е сериозно променета, па стручниот штаб и кошаркарите се свесни дека ги очекува тежок предизвик, особено на првиот меч во Попрад, Словачка, што ќе се игра веќе в четврток.

Го видовте составот, тоа се играчите што се во комбинација. Со повредата на Чековски остануваат 15 кошаркари на кои ќе сметаме, тоа се играчи на кои ќе се базира играта на Македонија и во следниот период по овие квалификации. Едно е сигурно, по подолго време ќе играме без странец, со македонски играчи кои ќе можат да се докажат во репрезентативниот дрес. Добро ја знаеме Словачка, Швајцарија е мала непознаница, во секој случај знаеме дека Словаците ќе бидат сериозен противник со двајца Американци, од кои еден успеале да го пријават како домашен. Ние ќе се обидеме да извлечеме најдобро што можеме, што е тоа најдобро ќе видиме в недела навечер по дуелот со Швајцарците“ – истакнува Давитков.

Македонскиот селектор очекува голема битка на премиерниот дуел со Словачка, а фокусот ќе биде ставен на запирање на надворешните играчи на противникот.

„На контролите со нив летово словачкиот центар висок 226 сантиметри се покажа во солидно светло, но сметам дека тој не е толку опасен како надворешните играчи што словачкио0т селектор што ги има на располагање. Наше е да излеземе на терен и да одиграме најдобро што знаеме, не чувствуваме преголем притисок бидејќи овој циклус секако продолжува во февруари, така што можеби Словаците треба да се понервозни бидејќи ако загубат в четврток би се нашле во сериозен проблем“ – изјавува македонскиот селектор.

Се вчитува...