Давитков: Нема што да калкулираме, одиме на победа

Селекторот на кошаркарската репрезентација, Јорданчо Давитков, не крие дека очекува нова победа во претквалификациите за Евробаскет 2021, за уште еден чекор напред кон освојување на првото место во групата. Словачка е ривал што беше совладан на гостински терен, па логично е да се очекува истото да се направи и на неделниот дуел пред своите гледачи во Скопје.

„Пред нас е натпревар во кој немаме што да калкулираме, одиме на победа. Славевме во Попрад, се надевам дека и в недела ќе славиме. Сигурно ќе треба да одиграме максимално, но имаме квалитет за да победиме. Словаците имаат солидна екипа, еден екстра-играч Курич, кој е извонреден шутер. Сепак, мое мислење е дека по победата во Словачка треба да го завериме новиот триумф. За мене најважно е формата да продолжи да се движи во нагорна линија и експресно ќе се вратиме онаму каде што ни е местото. На овие тренинзи што ги имавме досега работевме навистина добро, играчите се наоѓаат во топ-натпреварувачка форма. Исто така, би сакал како што игравме минатиот пат да ја повикам публиката в недела да ја исполни салата и да ја поздрави нашата победа“ – изјави Давитков.

Во текот на вчерашниот ден на повреда се пожали Ненад Димитријевиќ, чиј настап е неизвесен.

„Мал проблем е повредата на Димитријевиќ, синоќа не тренираше, а денеска е на лекарски прегледи, по што во текот на денот ќе знаеме каква е неговата состојба“ – открива селекторот.

Давитков е свесен дека клучно на средбата ќе биде да се одигра квалитетна одбрана против најдобриот словачки кошаркар, Кајл Курич.

Се се сведува на тоа Курич да ги заврши акциите по единечна или по двојна блокада, или пак Седмак да реализира под обрачите. Курич е навистина добар европски играч, таму завршивме добра работа, очекувам истото да го сториме и в недела во Скопје“ – истакнува Јорданчо Давитков.

Се вчитува...