Давитков по четврти пат стана шампион на Кувајт

Македонскиот кошаркарски стратег Јорданчо Давитков повторно стана шампион на Кувајт. По враќањето во оваа земја, тој со тимот на Кадсија имаше одлични резултати во текот на целата сезона и на крајот сосема заслужено го освои шампионскиот пехар.

Ова е четврти шампионски трофеј за Давитков во Кувајт. Претходно, успеа да го освои шампионатот на оваа земја трипати последователно, во 2009, 2010 и во 2011 година.

Се вчитува...