Давитков пресече – четворица отпаднаа за Словачка

Селекторот Јорданчо Давитков пред вечерашниот тренинг и дефинитивно ги разреши сите дилеми околу составот со кој Македонија утре ќе излезе на мегдан против репрезентацијата на Словачка (СЦ „Јане Сандански“, 20.15 часот).

Од 16-те кошаркари кои се појавија на првата прозивка пред неколку дена, Давитков реши утрешниот натпревар од трибините да го проследат Ненад Димитријевиќ, Адем Мекиќ, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко.  Од четворицата, Димитријевиќ отпадна поради повреда откако последните два дена воопшто не тренираше, додека останатите тројца беа избор на селекторот од тактичка причина.

Ова значи дека Македонија утре ќе настапи со следните дванаесет кошаркари: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Ричард Хендрикс, Кире Николовски, Љубомир Младеновски и Димитар Караџовски.

Се вчитува...