Давитков си најде нов ангажман во Романија

Поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков е нов тренер на Таргу, откако денеска потпиша договор со овој романски прволигаш.

Давитков неполн месец беше без ангажман, откако го напушти Пеќ по неисполнетите ветувања на управата на косовскиот прволигаш. Тој беше поврзуван и со неколку македонски прволигаши, но екс-селекторот се реши за нов интернационален предизвик, прифаќајќи ја понудата на Таргу за соработка најмалку до крајот на сезонава.

Станува збор за тим што игра слабо во досегашниот дел од сезоната во романското првенство, во која има скор од четири победи и тринаесет порази, а главна цел на Давитков ќе биде обезбедување на опстанок со новиот клуб.

Се вчитува...