Јанакопулос се уште чека одговор од Евролигата

Кошаркарскиот клуб Панатинаикос се уште чека одговор од Евролигата, откако до раководителите на натпреварувањето достави видео снимки од контроверзни судиски одлуки од плејоф серијата против Валенсија.

Сопственикот на атинскиот клуб, Димитрис Јанакопулос, потврди дека Евролигата се уште не одговорила на официјалното барање за анализа.

„Панатинаикос, во согласност со правилата, испрати комплетен видео материјал со ситуации што ги сметаме за сомнителни од натпреварите против Валенсија. До денеска не сме добиле никаков одговор. Во толку важна серија, целосната транспарентност и отстранувањето на секаков сомнеж мора да бидат приоритет“, рече Јанакопулос.

Серијата е нерешена 2-2, а решавачкиот петти натпревар ќе се игра во Шпанија и ќе одговори на прашањето кој ќе се пласира на завршниот турнир на Евролигата.

Се вчитува...