Лука Дончиќ го избра семејството пред репрезентацијата

Лука Дончиќ во последно време се мачи со повреда, па затоа не беше на паркетот во плеј-офот за Лос Анџелес Лејкерс. Тој ја пропушти победата од 4-2 против Хјустон Рокетс и поразот од 4-0 против Оклахома Сити Тандер, а нема да биде ниту на летниот собир на словенечката репрезентација.

Причината за ова не е од физичка природа, туку од приватна природа, а се откри самиот кошаркар во својата објава на Инстаграм.

„Ги сакам моите ќерки повеќе од се и тие секогаш ќе ми бидат на прво место во животот. Додека ја продолжувам борбата за старателство над моите ќерки, принуден сум да донесам тешка одлука помеѓу патување и играње за Словенија и поминување време со моите ќерки.

За жал, ми беше тешко да ги видам во последните осум месеци. Дадов се за Словенија и сум разочаран што нема да можам да играм за мојата земја ова лето. Но, во моментов, мој приоритет се моите ќерки и мојата одговорност како татко“, напиша Словенецот во објава на Инстаграм.

За потсетување, Дончиќ во март ја потврди разделбата од Анамарија Голтес, со која ги има двете претходно споменати ќерки.

Се вчитува...