Давор Петровски: МОК направи невиден срам и хаос, јас требаше да пливам на ОИ во Токио

Македонскиот пливач Давор Петровски жестоко реагира на изборот на МОК за последната олимписка вајлд-карта, која според Петровски требала да му припадне нему.

Тој тврди и приложува докази дека токму Петровски бил номиниран од Пливачката Федерација, пред претседателот на МОК, Даниел Димевски и неговата десна рака Сашко Поповски во пет до дванаесет да ја сменат одлуката, притоа не давајќи никакво образложение за истото.

Реакцијата н Петровски ја пренесуваме во целост:

Нема потреба од почитуван/и кога тие самите не почитуваат ништо.Ова што го направија со овие ОИ во Токио е невиден срам и хаос, а бога ми и се уште си тераат.

Јас Давор Петровски сум се уште патникот за овие ОИ. Немам добиено никаков емаил или пак информиран дека сум ОТПОВИКАН од овие два документи и од ОИ во Токио а бога ми ни мојата Федерација.Гледам дека не сум само јас што се здобил со ваков проблем,каде што е вложен огромен труд, нервози,жртувања…кои ми ги уништивте ВИЕ…
Лично ЈАС како спортист се обраќам до двајцата надлежни за ова Даниел Димески и Сашко Поповски ( каде што два дена по ред не одговараат на мојот родител-татко, кој на нај пријателски и ферски начин им поставува прашања за овој проблем…) да ми одговорите на 2 прашања:

1. Дали од после 05.06.2021 сум бил некогаш и некаде отповикан и

2.Зошто по ваше барање да ви се достави последна одлука од ФИНА , на која сум Јас и Еминова Блажевска Миа одобрена од нивна страна, не го испочитувавте тоа а си одлучивте вие самите

Овие документи од вчера беа преведени и испратени во ФИНА,ИОК и до Арбитражниот Суд каде што ќе бидат донесени санкции
Спортски поздрав!!!

Се вчитува...