Давор Талески потпиша за Пелистер

Новиот прволигаш Пелистер амбициозно го стартуваше летниот преоден рок. Лидерот од Втората лига Запад по промоцијата во елитата веќе потпиша две нови засилувања. По Ѓорѓи Танушев, на битолскиот состав му се придружи и голманот Давод Талески.

Тој доаѓа во Битола од редовите на Брегалница, а претходно беше член и на Победа, Металург и на грчкиот тим Лариса. Талески беше во преговори со Шкупи, но на крајот одлучи да ја прифати понудата на Пелистер и пристигна „под Тумбе кафе“.

Нови договори во Пелистер добија и тренерот Зоран Штерјовски и спортскиот директор Пеце Коруновски, по што почнаа со реновирање на составот за прволигашка конкуренција.

Се вчитува...