Де Бруине е новата трансфер-бомба на Галатасарај

Галатасарај во изминатите години покажа дека не жали пари за да доведе врвни фудбалери од Топ 5 лигите, а раководството на турскиот гигант сега крои нов план – во Истанбул да го доведе Кевин де Бруине.

Белгискиот плејмејкер има уште една година од договорот со Наполи, но неизвесно е дали ќе остане откако кон крајот на ланската сезона го навлече бесот на клубот поради јавните критики кон тренерот Антонио Конте. Во меѓувреме Конте го напушти Наполи, но бесот на „наполитанците“ остана, разочарани од односот и непрофесионализмот на својот најплатен фудбалер во тимот.

Во Неапол постои расположение Де Бруине да биде продаден, а Галатасарај е подготвен да ја искористи ситуацијата. Веќе е подготвена понуда од 10 милиони евра, додека за самиот Белгиец има двогодишен договор со плата поголема од онаа што ја зема моментно во Наполи.

Турските медиуми најавуваат дека преговорите се веќе стартувани и доколку се мине во најдобар ред, Де Бруине во текот на следната седмица би можел да пристигне во Истанбул, со што дефинитивно би ја зацврстил доминацијата на Галатасрај во турскиот фудбал.

Се вчитува...