Де Бруине: Левандовски е најдобриот фудбалер на светот!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруине, смета дека напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, во моментов е најдобриот фудбалер на светот.

Кевин потенцираше дека Роберт е ненадминлив кога станува збор за постигнување на голови, но исто така и дека тој е фудбалер кој зад себе има освоено големи титули.

„Ќе морам да го земам предвид периодот од две години, би го избрал Роберт Левандовски. За она што го направи кога станува збор за постигнување голови и за она што го освои со Баерн“, рече белгискиот фудбалер.

На прес-конференцијата пред дуелот со Клуб Бриж во Лигата на шампионите, Белгиецот исто така беше замолен да ја коментира изјавата на Рахим Стерлинг за потенцијално заминување во потрага по клуб во кој ќе имат поголема минутажа.

„Ротацијата е важна, но јас ја разбирам фрустрацијата. Понекогаш е тешко да се игра еден, а потоа да се пропушти друг натпревар, но менаџерот е тој што ги носи одлуките. Имаме група од 22-23 неверојатни играчи, сите се поддржуваме“, заклучи Де Бруине.

Се вчитува...