Кевин Де Брујне го постигна најбрзиот гол на Манчестер Сити во натпреварите од Лигата на шампионите. Белгиецот вчера во 93тата секунда погоди против Реал Мадрид.
Претходниот рекорд го држеше Џон Стоунс, кој постигна гол во 95. секунда против Феенорд во 2017 година во победата од 4-0.
Де Брујне и другарите вчера успеаја да го совладаат Реал Мадрид со 4-3 во крајно возбудлив и динамичен натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА