Де Бур го објави списокот – Холандија без ѕвездата на Тотенхем против Македонија (ФОТО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Фран де Бур го објави списокот на фудбалери за претстојното Европско првенство. Покрај Вирџил ван Дајк кој уште од претходно се знаеше дека поради повреда ќе го пропушти континенталниот шампионат, на ЕП нема да патува и ѕвездата на Тотенхем, Стивен Бергвајн.

На списокот недостасуваат и фудбалери како Ханс Хатебур, Анвар ел Гази, Тони Вилхена. Македонија против Холандија ќе игра во последниот дуел од групата Ц, а мечот е закажан за 21. јуни на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам.

Се вчитува...