Де Бур ќе ја менува формацијата и составот за мечот со Македонија

Холандија сосема извесно веќе го обезбеди првото место во Групата Ц на ЕВРО 2020, па натпреварот со Македонија на 21. јуни на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам ќе биде еден вид формалност за домашната селекција.

Сосема очекувано, холандскиот селектор Франк Де Бур вели дека ќе ја смени формацијата и составот за дуелот со Македонија во желбата да испроба нешто ново во пресрет на осминафиналната рунда. Неговата досегашна тактичка поставеност од 5-3-2 наидуваше на жестоки критики досега, но успеа да стигне до две победи против Украина (3-2) и Австрија (2-0). Против Македонија размислува за формацијата 4-3-3…, на мечот кој треба да биде еден вид тренинг-натпревар за Холанѓаните кои планираат настап без Де Лихт, Де Јонг, Депај….

„Можеби против Македонија ќе играме во формацијата 4-3-3. Но, ќе размислиме околу тоа затоа што Македонија игра со пет фудбалери во последната линија. Јасно е дека ќе има и промени во составот, некои ќе ги одмориме за осминафиналето, но во секој случај ќе мора добро се да измериме затоа што сакаме во позитивно расположение и со позитивен резултат да одиме кон осминафинале. Главно, веќе знам како ќе играме на последниот натпревар од групата но останува уште време нешто дополнително да се размисли“ – вели Де Бур.

Се вчитува...