Де Бур: Нема да биде лесно со Македонија, сакаат да се збогуваат со подвиг

Селекторот на Холандија, Франк Де Бур на денешната прес-конференција во Амстердам пред утрешниот дуел со Македонија во Групата Ц на ЕВРО 2020, истакна дека е задоволен со обезбеденото осминафинале за неговата селекција.

Де Бур нагласи дека нема да биде воопшто лесно на утрешниот дуел и покрај тоа што Македонија има два порази од пресметките со Австрија и со Украина.

„Не, тие како дебитант на европските првенства сакаат да дојдат до први бодови. Не успеаја во тоа на претходните натпревари и сега против нас сигурно ќе играат максимално во желбата со подвиг да се збогуваат од ЕВРО 2020“ – вели Де Бур, притоа дополнувајќи:

„Се работи за незгоден противник против кој ќе мора да одиграме на ниво. Имам некои нови идеи за дуелот со Македонија, можеби и ќе ја промениме формацијата и составот, но останува тоа да го видите на самиот натпревар“.

Се вчитува...