Де Хеа ја презеде одговорноста: Денеска го чинев Јунајтед три бода!

Давид Де Хеа, голманот на Манчестер јунајтед, искрено проговори за убедливиот пораз од 4-0 на гостувањето кај Брентфорд во рамки на Премиерлигата. Шпанецот јавно ги призна своите грешки, потенцирајќи дека имал лош ден.

Шпанецот имаше два големи киксови на стартот по кои домашните фудбалери поведоа со 2-0. Тој по мечот не сакаше да се крие и храбро излезе пред новинарите по негово инсистирање.

„Одговорноста е моја, јас го чинев клубот три бода денеска. По првата и втората грешка беше многу потешко за тимот да игра. Тоа беше ужасен ден. Мојата прва грешка секако придонесе за натпреварот да оди во надолна линија за нас. Ние требаше да реагираме многу подобро. Во овој момент играме тешко откако ќе примиме гол. Јас морав да го одбранам првиот удар и веројатно резултатот ќе беше поинаков“, рече во дел од изјавата чуварот на мрежата на Јунајтед.

Се вчитува...