Де Хеа: Мораме подобро ако сакаме трофеи

Челси и Манчестер Јунајтед ремизираа без голови на дербито на 26. коло во Премиерлигата со што разликата помеѓу првопласираниот на табелата, Манчестер Сити се искачи на 12 бода во однос на „црвените ѓаволи“.

По натпреварот голамнот на Јунајтед, Давид де Хеа истакна дека неговиот тим не смее да се задоволи со реми против ривалите од големата шестка доколку сака да освои трофеи.

„Реми е во ред, но доколку сакаме да освоијуваме трофеи мораме да работиме повеќе, мораме да победуваме вакви тимови. Немавме многу шанси, ни недостасуваше завршен удар. Но барем добро се браневме, немаше ни Челси многу шанси. Дадовме се од себе, но ни тоа не беше доволно“ – истакна по мечот Шпанецот.

 

Се вчитува...