Де Хеа од лето нема повеќе да биде голман на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед одлучи да се раздели на лето со својот долгогодишен голман, Давид де Хеа. Одличниот голман ќе мора да го напушти Манчестер на крајот на сезоната. Клубот одлучи дека Дин Хендерсон ќе биде првиот голман, pа Шпанецот сo сигурност нема да ја прифати позицијата резервен голман.

Она што сега создава проблем е неговиот договор и фактот дека платата што му ја дава Јунајтед тешко може да му биде понудена од друг клуб. Заработува 20 милиони евра годишно и е убедливо најскапиот голман на светот.

Де Хеа дојде од Атлетико пред 10 години, претходно често се поврзуваше со Реал Мадрид, но тој сепак остана верен на „црвените ѓаволи“. Јунајтед, според англиските медиуми, е подготвен да му исплати обештетување за прекинување на соработката, како што тоа го стори претходно со Алексис Санчез, кој беше ослободен од клубот откако му беа исплатени 10 милиони евра.

Се вчитува...