Де Хеа се повреди, но Шпанците се спасија во Шведска

Шведска и Шпанија ремизираа 1-1 во суперинтересен натпревар во кој „црвената фурија“ се спаси со голот на Родриго во 92. минута. Шпанците одиграа одлично прво полувреме што не успеаја да го крунисаат со погодок, па Шведска поведе на стартот од вториот дел преку Берг. Проблемите на „црвената фурија“ се зголемија по повредата на првиот голман Де Хеа, но гостите на крајот сепак заслужено успеаја да избегнат пораз благодарение на Родриго.

Неизвесно беше и во Букурешт, каде Романија водеше против Норвешка се до судиското продолжение, кога гостите стигнаа до реми од 1-1 со голот на Сорлот. Романците по примениот гол од втората паднаа на третата позиција во групата, со еден бод заостанување зад Шведска.

Италија рутински си ја заврши работата на гостувањето против Лихтенштајн, триумфирајќи со 0-5 со головите на Бернардески, Белоти (два), Ромањоли и Ел Шарави.

Швајцарија славеше на мечот со Република Ирска со 2-0 благодарение на погодоците на Сеферовиќ и Дафи.

Грција триумфираше над селекцијата на БиХ со 2-1, со автоголот на Ковачевиќ во 88. минута, сведувајќи ги на теорија шансите на Босанците за пласман на ЕВРО 2020.

Во нашата квалификациска група, Израел рутински ја оправда фаворитската улога против Летонија, триумфирајќи со 3-1.

Се вчитува...