Де Јонг го продолжи договорот со Барселона

Френки де Јонг го продолжи договорот со Барселона, објави шпанскиот шампион. Холанѓанецот потпиша нов договор на четири години – до крајот на јуни 2029 година

Фудбалерот од средниот ред дојде во Барселона во 2019 година од Ајакс за 75 милиони евра. Оттогаш, тој имаше добри и помалку добри моменти, а имаше и многу шпекулации за продолжување на неговата кариера во друг клуб, но на крајот сепак се одлучи да остане во Каталонија.

Холандскиот фудбалер одигра 267 натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигна 19 гола, а со каталонскиот клуб освои две титули во шпанското првенство и два Купа на кралот.

Се вчитува...