Лошите резултати на Манчестер Јунајтед во последните години си го земаа данокот па англискиот клуб повеќе не е атрактивен дестинација за фудбалерите. Тоа е случајот и со Френки де Јонг, кој е голема желба на „црвените ѓаволи“, но се помала е веројатноста дека трансферот ќе се оствари.
Холанѓанецот вели дека е таму каде што посакува и нема намера да го напушти каталонскиот клуб.
„Преферирам да останам во Барселона. Барселона е мојот клуб од сништата уште од млади години. Никогаш не зажалив за одлуката да дојдам тука и покрај фактот дека се надевав на повеќе признанија од тие кои ги освоив досега“, изјави Де Јонг.
Единственото нешто што може да застане помеѓу Де Јонг и Барселона се финансиските проблеми на каталонците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА