Де Јонг: Планирав прво да одам во Арсенал, но…

Еден од најдобрите млади фудбалери, Холанѓанецот Френки де Јонг откри дека од Ајакс планирал прво да премине во Арсенал, па потоа во Барселона, но понудата од Каталонците стигнала побрзо од очекуваното.

„Арсенал ми изгледаше одличнa можност, и некако во главата си помислив дека по Ајакс патот во кариерата ќе ме води таму, па потоа ако добро се покажам ќе станам фудбалер на Барселона. Сепак, ако можете директно да одите во Барселона, тоа е понуда која не се одбива. Сонот се оствари многу побрзо од очекуваното“ – изјави Де Јонг. 

Барселона трансферот вреден 75 милиони евра го договори уште во јануари, по одличните партии кои ги покажа де Јонг во дресот на Ајакс, а официјално соработката беше потврдена на почетокот на јули. Де Јонг со Каталонците потпиша договор до 2024 година.

Се вчитува...