Де Јонг со повик до Левандовски: Дојди во Барселона, ти си еден од најдобрите во светот

Иако Барселона е подготвена да го продаде Френки де Јонг со цел да ја надмине финансиската криза, сепак, фудбалерот не размислува за заминување.

Манчестер јунајтед силно се поврзува со Де Јонг, а Тен Хаг веќе разговарал со него и го убедувал да се пресели на „Олд Трафорд“, но засега играчот на Барса воопшто не размислува за заминување.

По мечот меѓу Холандија и Полска тој беше забележан како разговара со Левандовски.

„Тој е неверојатен фудбалер, еден од најдобрите во светот. Се разбирам јас би сакал да го имам во мојот тим“, вели Де Јонг.

Се вчитува...