Де Коло се враќа во НБА лигата?

Еден од најдобрите европски кошаркари Нандо де Коло планира да се врати во НБА лигата. Францускиот кошаркар своите планови ги потврди за ЕСПН.

„Побарав од мојот менаџер да ги разгледа опциите за враќање во НБА лигата. Возбуден сум поради новото поглавје во мојата кариера“, изјави Де Коло. 

Последните пет сезони Де Коло ги помина во дресот на ЦСКА Москва во која просечно забележа 14,7 поени и 3,4 асистенции, а на двапати ја освојуваше Евролигата. Де Коло НБА ја напушти во 2014. каде играше за Торонто, а претходно две години настапуваше и за Сан Антонио.

Се вчитува...