Шпанскиот селектор Луис Де ла Фуенте, влезе во вербален конфликт со тренерот на Барселона, Ханс Флик. Германецот на клупата на „Каталонците“, претходно го нападна предводникот на Шпанија дека не го тренира добро Јамал, и дека не се грижи за неговата позиција.
По ова, Де ла Фуенте не му остана должен, па му одговори на Флик околу Јамал.
„Флик вели дека не сум го менаџирал добро Јамал? Веќе не знам што тој рече. И не ме интересира“, рече Де ла Фуенте.
Ламин нема да биде дел од репрезентацијата поради обнова на повредата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

