Де Лихт: Бев шокиран кога ми пријде Роналдо и ми кажа каде да ја продолжам кариерата

По синоќешното финале од Лигата на нациите во центарот на вниманието Кристијано Роналдо и Матија Де Лихт. Португалија славеше минимално со 1-0 против Холандија, а на крајот интересна конверзација меѓу двајцата фудбалери.

Де Лихт е на мета на бројни европски клубови, и иако со само 19 години важи за еден од најдобрите стопери во моментов. По синоќешниот натпревар, Де Лихт истакна дека бил шокиран кога Роналдо му пристапил по мечот.

„Роналдо ми пријде по натпреварот и ми кажа дека треба да потпишам за Јувентус. Всушност, најпрво ме праша дали ќе го направам тоа. Бев малку шокиран со тоа прашање и поради тоа се смеевме. Не го разбрав веднаш, но потоа беше појасен“ – изјави Де Лихт.

Холанѓанецот најмногу се поврзува со Барселона, но голем интерес за него има и од ПСЖ, Јувентус, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед. Како што вели, одлуката ќе ја донесе по одморите.

„Сега одам на одмор. Добро ќе размислам што е најдобро за мене и ќе донесам одлука. За млади фудбалери како мене најважно е да одат во клуб каде ќе играат константно. Тоа е она што е најважно“ – вели Де Лихт.

Се вчитува...