Де Лихт може да си оди од Јуве само за 150 милиони евра

Агентот на дефанзивецот на Јувентус и холандската репрезентација Матијас де Лихт, Мино Раиола, вчера изјави дека фудбалерот може да го промени клубот во текот на следното лето. Според новинарот и инсајдер Фабрицио Романо, договорот на Де Лихт со Јувентус предвидува сума за откуп, која изнесува 150 милиони евра.

Клаузулата во моментов е неважечка и ќе стапи на сила летото 2022 година. Сепак, според неговите информации, Јувентус нема намера да го пушти Де Лихт.

Во новата сезона Јувентус е далеко од посакуваната форма, па незадоволството меѓу играчите во клубот постојано расте. Младиот Матијас дојде во редовите на „старата дама“ со цел да освојвуа титули, но се чини дека тимот на Масимилијано Алегри се’ повеќе пропаѓа и ја губи некогашната позната победничка форма, па нема да биде чудо следното лето Матијас де Лихт да посака да си замине од Торино.

Се вчитува...