Еден од најдобрите млади фудбалери во светот, Матијс де Лихт се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона и вели дека неговата иднина ќе биде позната по завршувањето на финалниот турнир во Лигата на нации. Тој вели дека Премиер-лигата и Ла Лига се најсилните натпреварувања, но и другите првенства од топ 5 воопшто не се за потценување.
„Премиер-лигата е силно натпреварување. Ла лига исто така, но постојат и други квалитетни првенства во Европа. Во моментов не знам каде ќе ја продолжам кариерата. За конечната одлука ќе почекам уште малку. Имам два важни натпревари со Холандија, па кога тие ќе поминат, тогаш ќе размислувам за иднината“, вели де Лихт.
Капитенот на Ајакс имаше неверојатна сезона зад себе, освојувајќи две титули во домашното првенство, а играше и полуфинале во Лигата на шампионите каде неговиот тим несреќно загуби од Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА