Де Роси беснееше: Овој сите не заебава… Нека го пушти Инсиње за да победиме! (ВИДЕО)

Италија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, а ветераните како Даниеле Де Роси и Џанлуиџи Буфон останаа без шанса на одличен начин да се простат од националниот дрес.

Телевизиските камери го уловија Де Роси како беснее на клупата во текот на реванш мечот со Шведска, урлајќи кон Џампјеро Вентура и неговите асистенти во игра да го пуштат Лоренцо Инсиње.

„Овој сите нас не заебава, ли? Пуштете го овој, за да победиме!“, урлаше Де Роси, покажувајќи кон Лоренцо Инсиње. Но, Инсиње остана до крајот на клупата, а Италија остана без пласман на Светско првенство.

Се вчитува...