Де Роси донесе триумф за Рома против Сампдорија

Рома ја прекина негативната серија од три меча без победа и славеше на гости против Сампдорија со 0-1. Со овој триумф „волчицата“ се врати во трка за пласман во Лигата на шампионите и сега има само бод помалку од Милан, кој е на четвртото место.

Даниеле де Роси во 75.минута беше стрелец на победничкиот гол за Рома на овој меч. Сампдорија по поразот се наоѓа на деветтата позиција на табелата во Серија А со 45 бода.

Се вчитува...